ПравдаСветот на работникот

Работниците во штипска „Баргала“ без плати за февруари и март

Работниците во штипска - Работник
1.64Kviews

Од наш извор во текстилната фабрика „Баргала“ во Штип којшто сакаше да остане анонимен поради страв од одмазда, добивме информација дека вработените не зеле плати за февруари и март.

Според нашиот извор, сопственикот на конфекцијата им рекол на вработените да се вратат на работа и дека ќе им плаќа по 8,000 денари, додека не им се исплатат целосните плати. Ова не е првпат во оваа текстилна фабрика да не им се исплаќаат платите навремено.

Тие, минатата година беа во штрајк, откако сопственикот не им исплати плати за месеците јули и август.