„Работниците и синдикатите да бидат мирни“, премиерот вели ќе се кратат само високите плати

Премиерот Ковачевски ја потврди веродостојноста на документот во врска со владините мерки за штедење во јавниот сектор, но порача да не се прави сензационализам од сето тоа. Тврди дека не станува збор за кратење на платите, но вели дека постојат службеници по институциите кои имаат примања повисоки и од оние на министрите и токму тоа треба да се ревидира.

-Работниците и синдикатите да бидат мирни, да не се прави сензационализам од ова никој не намалува плати, ниту намалува нивни права. Вие имате агенции во надлежност на Собрание. Не сакам да ги кажувам, но постојат агенции каде вработен со ниско ниво во хиерархија има повисока плата од министер во Влада. Споредете нивни одговорности, јас мислам тоа не е соодветно, кажа Димитар Ковачевски.