ПравдаСветот на работникот

Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Работниците - Работник
114views

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата, пишува Iportal.

Целосниот текст прочитајте го тука