НовостиПравдаСветот на работникот

Работниците не смее да добиваат плата во кеш, СТОП за предлог законот кој се коси со правата на вработените!

   Време за читање 1 минута

Синдикатот подготви своја реакција и став по повод Предлог Законот за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Предлогот на Владата, односно на министерството за Труд и социјална политика според синдикатот е добар за работодавачите, но не и за работниците. Од Сојузот на синдикати на Македонија подготвија неколку предлог измени на текстот помеѓу кои и таа каде што се дозволува газадата да му исплаќа на работникот плата во плик.

Од ССМ до креаторот на ова законско решение испратиле пет забелешки во кои се наведени според нив пропусти за кои синдикалците сакаат да се проверат дополнително и да се корегираат пред да биде Предлог Законот ипретен на владина седница да се усвојува. Од Сојузот на синдикати на Македонија потврдуваат дека во средината на ноември лани ресорното министерство организирало јавна дебата по повод предлог законското решение синдикатот бил активно вклучен во презентацијата на текстот.

Повеќе Денар