МакедонијаПравдаСиндикат

Работниците од управата и правосудните органи од Југоисточниот регион се обучуваа за препознавање и пријавување на корупција

Работниците од управата - Работник
213views

На ден 27.02.2020 година во Струмица, 50-тина членови на Синдикатот на УПОЗ од  Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Општина Гевгелија и Општина Богданци, беа дел работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”.

Ова е третата по ред работилница, која се организира од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД и беше наменета за работниците во јавниот сектор од Југоисточниот регион.

Вработените во администрацијата секојдневно се соочуваат со предизвиците на корупција и се во клучна позиција да ги идентификуваат, но и да помогнат во спречувањето на овие предизвици. Токму затоа, на работилницата во Струмица, тие се запознаваа со корисни информации на тема корупцијата но и со можните судири на интереси, како и со заштитните законски механизми и начините за препознавање и пријавување на корупцијата, кои се достапни и им стојат на располагање.