Uncategorised

Работниците со понизок степен на образование се во најголем ризик да бидат заменети од роботи

   Време за читање 3 минути

Несомено автоматизацијата на работните места станува се поактуелна тема на којашто има многу анализи за тоа кои професии би можеле да бидат погодени од истата.

Имено, работниците со понизок степен на образование, како и оние кои извршуваат рутински работни задачи, како касиери/ки или организаторите на документи, се соочуват со најголем ризик да бидат заменети од роботи. Сепак, се очекува автоматизацијата да има широкопојасен ефект. Истражувачите проценуваат дека некаде од 9 до 47 % од работните места можат да бидат автоматизирани во иднина.

Во Македонија малку се зборува за автоматизирањето на работните места, иако неминовно е и кај нас да се пренесе овој „феномен“ во иднина. Во САД, за да подобро го разберат ефектот од автоматизацијата, федералните агенции работат на собирање на повеќе информации за тоа како истата ќе влијае врз работната сила. На пример, Министерството за труд на САД планира да собере информации од повеќе индустрии, меѓу кои: трговската, здравствената и транспортната, за да дознае повеќе околу автоматизацијата и нејзиниот ефект врз овие индустрии.

Кои се најбараните вештини за најбараните работни места?

Работниците кои би биле погодени од автоматизацијата можеби ќе треба да стекнат нови вештини за да се приспособат на нови компетенции или пак за да се преквалификуваат.

Податоците на Министерството за труд на САД покажуваат дека вештините за работните места со голема побарувачка (работни места за коишто се проектира дека ќе имаат најбрз раст во следните 10 години) ќе вклучуваат микс на:

  • меки вештини – интерперсонални вештини за подобра интеракција со луѓето;
  • процесни вештини кои можат да му помогнат на одреден работник побрзо да ичи нови работи – како активно учење и критичко размислување, и
  • конкретни технички вештини, како одржување на опрема.

Податоците на Министерството покажуваат дека работните места со голема побарувачка, каде се бараат голем број на „важни“ вештини, имаат тенденција да бараат повеќе образование. Важните вештини вклучуваат активно слушање, социјална перцепција и критичко размислување.

Со какви вештини се соочуваат работниците при стекнувањето на овие вештини?

Додека истражувањата покажуваат дека некои професии со голема побарувачка со вештини како расудување и менаџирање можеби би биле поотпорни на автоматизацијата, работниците кои се обидуваат да ги унапредат своите вештини се соочуваат со предизвици.

Во Македонија потребно е да се воведуваат повеќе бесплатни курсеви на македонски јазик кои би биле достапни преку интернет, за да можат луѓето да ги стекнат потребните вештини. Нашата редакција смета дека токму немањето на вакви курсеви е една од причините поради кои луѓето не се обидуваат да ги унапредат своите постоечки вештини, но и да стекнат нови. Можеби сме далеку од автоматизација, но никогаш не е на штета човек да е подготвен за предизвиците на иднината.

Повеќе за автоматизацијата можете да прочитате на следниот линк.

Фото: Pixabay

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.