МакедонијаПравдаСветот на работникот

Работници од државните фирми се приклучиле на протестите во Белорусија

Работници од државните фирми - Работник
43views

Работниците од државните фабрики и компании им се придружиле на десетиците илјади луѓе во петтиот ден од протестот против белорускиот претседетел Александар Лукашенко и покрај насилните пресметки поради кои на Запад се разгледуваат нови санкции. 

Демонстрантите формирале човечки ланци и марширале во Минск, каде им се придружиле најмалку два ТВ презентери на строго контролирани државни медиуми кои дале оставки во протестот против насилствата кои избиле по претседателските избори во неделата. 

Агенцијата Ројтерс пренела дека на протестите им се придружиле и работници од Белоруската железница. 

Демонстрантите го обвинуваат Лукашенко дека со измама дошол до шестиот мандат. Претседателот тврди дека странски сили готват завера за да ја дестабилизираат земјата, а за демонстрантите вели дека се криминалци и невработени.

Властите започнале да ослободуваат некои од повеќете илјадниците демонстранти кои биле уапсени оваа недела.

Некои кои излегле од притворниот центар во Минск имале и модринки. Тие рекле дека биле тесно збиени во ќелиите, дека стражарите лошо постапувале кон нив и дека ги тепале, пренел Ројтерс.

На вчерашните протести се придружиле и работници од некои фирми кои се гордост на економскиот модел на Лукашенко во советски стил, вклучувајќи ја и фабриката за автомобили Минск (МАЗ) која произведува камиони и автобуси. Амбасадорите на членките на ЕУ во Минск положиле венец на местото каде што погинал еден демонстрант, додека масите станувале се погласни. 

Лукашенко тежи кон подобри односи со Западот непосредно пред растот на тензиите со традиционалниот сојузник Русија. 

ЕУ во 2016 година делумно ги укинала санкциите поради досието на Лукашенко за човековите права, но овој месец би можела да воведе нови мерки. Германија ја повикала ЕУ да изврши притисок врз Лукашенко.