- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Работодавачите имаат уште седум дена за исплата на К-15

Работодавачите имаат уште седум дена - Работник
3.43Kviews

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

– Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор – се наведува во соопштението.

Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.

– Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на работниците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот – нагласуваат од ССМ.