Работодавачите кои ќе исплаќаат 18,000 денари минимална плата нема да добијат субвенции од државата
Минималецот денес го поминува последниот филтер од собраниската постапка. На веќе закажана пленарна седница, пратениците треба да одлучат дали од март минималната плата за вработените ќе биде зголемена на 18.000 денари.
Субвенционирањето на придонесите поради зголемената минимална плата нема да го користат сите работодавачи. По 1.197 денари субвенција од државниот буџет за придонеси ќе добијат околу 62 илјади вработени, кои според податоците на Управата за јавни приходи земаат плата до 15.200 денари. Сепак на повеќе од 100 илјади вработени, им се исплаќа плата до 18 илјади денари. За овие вработени, работодавачите нема да можат да користат субвенција од државата, туку ќе треба сами да ги плаќаат придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување.
Повеќе на Денар.мк

