НовостиСветСветот на работникот

Работодавачот не е должен да го плаќа одењето во тоалет, така вели судот: Колку често во текот на работното време одите?

   Време за читање 2 минути

Швајцарците се познати по префинетоста и прецизноста, а како што изгледа, таа прецизност сега мора да се однесува и на вработените кога ќе одат во тоалет.

Имено, швајцарскиот произведувач на часовници „Jean Singer & Cie SA“, според одлуката на судот, не е должен на вработените да им го плаќа времето кое го поминуваат во тоалет. Случајот фрлил светло на дупките кои постојат во тамошниот Закон за работни односи.

Колку често во текот на работното време одите во тоалет? Дали понекогаш таму бегате од колегите и гужвата на работа?

Сето тоа повеќе нема да биде возможно во оваа компанија, бидејќи вработените пред да одат во тоалет ќе треба да се „откуцаат“, односно, да забележат дека го напуштаат работното место.

„Швајцарскиот закон не го споменува правото на работникот кога станува збор за одење во тоалет дури иако тоа е основна физиолошка потреба“, се наведува во образложението на судот.

„Singer“ не е единствената компанија која го има ова правило. Две подружници на „Swatch Group“, исто така, побарале од вработените да се „исклучат“ кога треба да одат во тоалет. Праксата била укината откако седиштетото на компанијата дознала за неа.

Ситуацијата во „Singer“ ја открила пазарната инспекција во 2021 година, а судот конечната пресуда ја донел во јуни оваа година, но дури сега е обелоденета во јавноста.

Компанијата соопштила дека правилото е погрешно сфатено и дека „работниците имаат голема слобода“ кога ќе се исклучат од работа. Наводно, должината на паузата ја одредуваат работниците кои не се должни на надредените да им кажат зошто ја користат.

Тоа време, како што навеле, може да се искористи за бројни работи, вклучувајќи телефонирање и шетање.

Иако судот навел дека таа пракса не е незаконска, на „Singer“ му препорачал да ги промени правилата кои ги дискриминираат жените.

Исто така, во неповолна положба се ставаат и работниците кои поради одредени здравствени проблеми мораат почесто да одат во тоалет.

Извор: Blic.rs

Фото: