Ралповски: Документот за намалување на трошоците во јавниот сектор е без никакви анализи

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин на Алсат, оценува дека мерките документот за намалување на трошоците во јавниот сектор, претставен од владата, е донесен без анализи и дозволувал можност за партизација на администрацијата.

„Овој документ им дава можност 100% да ја партизираат јавната администрација…Заклучуваме дека мерките и препораките се донесени паушално, дека немаме никакви анализи за тие мерки и препораки. Целата јавност треба да заклучи дека никаков дијалог не постои во Македонија, особено не социјалниот дијалог“, вели Ралповски.