- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникот

Рамковни вработени: На работа или отказ, нема веќе државна плата за седење дома

Рамковни вработени - Работник
1.21Kviews

Досегашниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека вработените во државна администрација, кои седеа дома и земаа плата, ќе бидат распределени на работни места.

– Согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица мора да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати, рече Манчевски.

Advertisement

Станува збор за лица кои се вработени во државната администрација според Рамковниот договор, популарно познати како рамковно вработени, а станува збор за околу две илјади лица.

Инаку според предлог за новиот состав на владата Манчевски нема да биде министер, избран е за пратеник, а во неговата фотелја треба да седне Јетон Шаќири, кадар на ДУИ.

Advertisement
Advertisement

Advertisement