МакедонијаПравдаСветот на работникот

Реакции на одлуката на Владата – администрацијата дома, приватниот сектор на работа

Реакции на одлуката на Владата - Работник
504views

Местото на административците е во канцеларија, а не дома. Граѓаните револтирани од новата одлука на владата, дел од администрацијата да работи од дома-онлајн. Велат дека ако досега имале проблеми за добивање на документи, сега ќе биде уште потешко. Сметаат дека сите треба да бидат на своето работно место за да си ја заработат платата, а државата да најде друг начин за заштита од ширењето на вирусот.

Министерот за администрација вели дека се уште се утврдува кои институции ќе можат да работата од дома онлај, а каде ќе има потреба од физичко присуство. Верува дека граѓаните ќе бидат услужени и нема да има поголеми проблеми при издавање на документите.

Вчера Владата ја прифати препораката на комисијата, јавната администрација на локално и централно ниво како и оние во судовите да одберат работа од дома он лајн, во сметни или пак со редуцирање на вработените пркеу систем на ротација.

И додека се носат мерки за заштита на државните службеници од корона, во приватниот секор повеќе не се спроведува ниту една мерка. Хронично болните освен тие со тешка слика, мајките на деца до 10 години и родилките одат на работа.  

Претохндо, со почетокот на пандемијата голем дел од администрацијата речиси половина година не одеше на работа, а добиваа цела плата. Инситуциите пак кои имаат онлајн алатки за поднесување на барања за документи често пати не функционираа поради што граѓаните со месеци не можеа да ги извадат потребните документи.

Извор: Сител