ПравдаСветот на работникот

Реакција на Левица: На милионерите од Владата лесно им е да се потсмеваат на отпуштените работници

   Време за читање 2 минути

Реакцијата на Левица ви ја пренесуваме интегрално:

Сведоци сме дека секојдневно по стотици работници, па и повеќе се пуштаат дома и остануваат без приходи. Само во угостителството проценките се дека од почетокот на кризата околу 60% од работниците се отпуштени, значи околу 16.000 нови луѓе се без работа! Најголем дел од економските активности се во прекин, а има и најави дека мерките ќе се заоструваат уште повеќе. И додека трае целата оваа ситуација од Владата во соопштение после вчерашната седница на срамен и дрзок начин арогантно наведуваат дека, „некој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не е губење работа”!?

Од Левица прашуваме, на кое тоа „друго место” ќе се вработат отпуштените работници кога најголем дел од економијата е во прекин? Сите индиции се дека така и ќе остане во догледно време. Дали од Владата мислат дека народот не разбира што се случува!? Лесно им е на милионерите од Влада да се подсмеваат со маката на обичниот човек. Новопечената милионерка, Министерката за труд и социјалана политика, Мила Царовска, во ситуација кога се случува социјален колапс и би требало најмногу да се фати за работа, таа се изгуби од јавноста и единствено може да ја видиме на сликите од седниците на Владата со телефонот во рака.

Десетици илјади луѓе веќе ги имаат изгубено работните места и тој број во наредниот период само ќе се зголемува. Иако повеќепати Левица гласно бараше мерки за заштита на најсиромашните и работниците, Владата не само што не покажа слух, туку сега и со одвратна надменост го третира обичниот човек како да е глупав. Само за неколку недели во претходниот период, откако трае кризата, Левица процесираше над 50 различни случаи од фирми од кадешто работници останале без работа и сите случаи беа пријавени во Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен Инспекторат, а на дел од овие луѓе и понатаму дирекно им помага преку финансирање на кривични тужби против алчните газди! Ја предупредуваме Владата дека, оваа политика нема да им помине, и ако нешто итно не се превземе, после кризата наместо со избори, може да се соочи со генерален штрајк, бидејќи гневот на работниците штотуку ќе се излева!