НовостиПравда

Реакција на „Лидер“ по повод говорот на омраза против вработените во „Метаморфозис“

Реакција на „Лидер“ по повод говорот на омраза против вработените - Работник
35views

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудија говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ кој, според нив, интензивно се прошири на социјалните мрежи по објавувањето на текст на нашиот портал со наслов „(ФОТО) ова се луѓето кои бришат содржини од Фејсбук во Македонија“.

Како медиум отсекогаш сме се придржувале кон новинарскиот професионализам и кодекс на однесување и никогаш не сме презеле дејствија кои би можеле да поттикнат говор на омраза или насилство кон било кој субјект, додека коментари кои повикуваат на истото биле санкционирани и бришени во најбрз можен рок.

Објавата на „Лидер“ за тоа кои се тн. „фактчекери“ во Македонија на ниту еден начин не ја нарушува приватноста, ниту пак поттикнува било каков говор на омраза или насилство спрема било кој од листата, а истовремено таа е јавно достапна секому на страницата на Метаморфозис.

Сите коментари кои содржат говор на омраза кон било која од личностите кои беа пренесени на нашиот портал како дел од тимот на „Метаморфозис“, беа експресно избришани од нашата Фејсбук страна и како медиум ќе продолжиме да се бориме против секаков вид на говор на омраза.