МакедонијаСиндикат

Регионалниот одбор на СОНК – Карпош одржа редовна седница

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Регионалниот одбор на СОНК – Карпош денес одржа редовна седница во просториите на синдикатот. На седницата беа разгледани актуелните состојби во дејностите што ги застапува СОНК, при што беа лоцирани „болните точки“ што го мачат нашето членство.
Беше објаснето за чекорите што ги презема нашиот синдикат за што поскоро решавање на проблемите со кои што се соочуваме. Состанокот, одржан во конструктивна атмосфера заврши со прашања од претседателите на синдикалните организации од Регионот и договор за понатамошни активности во насока за подобрување на статусот на нашите членови. Голем интерес предизвика прашањето за не потпишувањето на колективните договори за основно и средно образование, зголемување на платите во образованието и детската заштита со мартовската плата, условите за работа во градинките и т.н.
Состанокот заврши со надеж на што поскоро затворање на отворените прашања во коректен социјален дијалог со надлежните од централната и локалната власт.