НовостиСветот на работникот

Рекордна, но нерамномерна вработеност во „зелената“ енергија

   Време за читање 2 минути

Минатата година во светот во секторот на обновливи извори на енергија биле отворени рекордни 2,5 милиони нови работни места, од кои најмногу во Кина, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Вработеноста во секторот, исто така, е многу географски нерамномерно распределена.

Бројот на работни места ширум светот во секторот на обновлива енергија пораснал за 18 %, од 13,5 милиони во 2022 на 16,2 милиони минатата година.

Во Кина, каде што во 2024 ќе бидат инсталирани речиси две третини нови светски соларни ветроелектрани, минатата година во секторот на обновлива енергија биле отворени 1,84 милиони работни места.

Заедничкиот извештај на ИРЕНА од Абу Даби и МОТ, организација на Обединетите Нации со седиште во Рим, покажува нееднаква распределба на светската работна сила. Кина со 7,4 милиони работни места претставува 46 % од сите работни места во секторот.

Следуваат ЕУ со 1,8 милиони, Бразил со 1,56 милиони и САД и Индија со речиси еден милион работни места во секторот на обновлива енергија.

Во Африка, според извештајот, минатата година биле отворени само 324,000 работни места во овој сектор, иако континентот има „огромен потенцијал за обновливи извори“.

Брзорастечка побарувачка за енергетска транзиција

„Енергетската транзиција и нејзината социо-економска придобивка не би требало да се базираат на еден или два региони“, рекол извршниот директор на ИРЕНА, Франческо ла Камера.

Во извештајот се наведува и дека соларните ќелии се најголем работодавач со 7,2 милиони работни места во светот, вклучувајќи 4,6 милиони во Кина.

Течните биогорива вработуваат 2,8 милиони луѓе, од кои третина во Бразил, додека работните места во хидроелектраните се незначајно намалени од 2,5 милиони во 2022 на 2,3 милиони во однос на минатата година.

Во сферата на енергија од ветер, Кина и Европа сочинуваат 52 %, односно 21 % од 1,5 милиони глобални работни места.

Двете организации истакнале дека политичарите мораат да ги поддржат мерките за поголема разноликост на работната сила и рамноправност на половите за да се одговори на растечката побарувачка на енергетската транзиција.

Извор: Бизлајф.рс

Фото: Pixabay

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера