Рекордни 10 милиони жени
Во Шпанија бројот на вработени жени преминал 10 милиони во мај и тие сега сочинуваат половина од работната сила во оваа земја, но имаат помали плати и работат на определено, велат податоците на службите за социјално осигирување.
Според тие податоци, жените во мај претставувале 47,4 % од работно активното население во Шпанија, што е рекорден број, иако тоа е варијабила која многу малку напредува, пренесува Efe.
„Јазот се намалува со побавно темпо отколку што би сакале, но континуирано. Патот е јасно означен и не води кон потполна еднаквост“, рекла државната секретарка за социјално осигурување Борха Суарез.
Процентот на жени кои работат во државни или приватни фирми пораснал на 48,8 % во однос на 47,9 пред пандемијата со Ковид – 19, додека процентот на жени кои се самовработени изнесува 37,2 %.
„Многу помалку има самостојни работнички, работите се исправаат, но јазот и понатаму е голем“, посочила Борха Суарез.
Таа напоменала дека квалификациите на работничките се зголемуваат, што ги става во подобра позиција при барање на поквалитетни работни места.
Според податоците на Евростат за третиот квартал од 2023 година, по нивото на вработени жени, Шпанија се наоѓа во рамките на европскиот просек, додека Летонија е единствена земја членка на ЕУ каде жните сочинуваат половина од работната сила (50,5 %).
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/baranq