ЕкономијаСветот на работникот

Речиси 3,000 македонски работници добиле дозвола за работа во Хрватска до 3 април годинава

Од 1 јануари до 3 април, Министерството за внатрешни работи на Хрватска им издало 2,820 работни дозволи на македонски сезонски работници.

Со оглед на тоа дека се‘ уште не е започната сезоната, нашите работници допрва ќе заминуваат на сезонска работа во Хрватска. Минатата година, дозвола за работа добиле 13,412 наши граѓани, а оваа година се очекува оваа бројка да биде поголема. Инаку, лани македонските работници биле во топ пет по бројност во Хрватска.

  1. БиХ– 38,236  
  2. Србија – 24,028
  3. Непал – 23,493
  4. Индија – 15,627  
  5. Македонија – 13,412
  6. Филипини- 10,999
  7. Косово- 9,922  
  8. Бангладеш – 8,749
  9. Турција– 5,067
  10. Албанија– 4,244

Најголемиот дел од сезонските работници во 2023 година работеле во Градежништвото (68,912) и Угостителството и Туризмот (45,868).

Од МВР на Хрватска информираа и дека дозволите на работа се издаваат за време кое е потребно за обавување на работата, односно времето на кое е склучен договорот за работа, а најдолго до 1 година. Дозволите за сезонска работа се издаваат со рок на важење до 6 месеци, а сината карта на ЕУ се издава со рок на важење до 24 месеци.

Повеќе информации за издавање на работните дозволи можете да најдете тука.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *