- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Росоман се вклучува во програмата за општокорисна работа, времено ќе се вработат лица за грижа за стари и изнемоштени во домашни услови

Росоман се вклучува во програмата - Работник
406views

Росоман се вклучува во програмата за општокорисна работа и времено ќе се вработат лица за грижа за стари и изнемоштени во домашни услови. Денеска е објавен јавен повик на кој можат да се јават евидентирани невработени лица.

– Сето ова е врз основа на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување и договорот за соработка со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Росоман, во рамките на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата, програмата општинско – корисна работа, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување, појаснија од локалната самоуправа на Росоман.

Програмата вклучува деветмесечно ангажирање, од кои три месеци обука и шест месеци работен ангажман.