САДУ уште еднаш ги обучи своите членови
Фејсбук статус на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија:
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) во периодот од 07.06-09.06.2024 година организира ,,Синдикална школа на САДУ”. Темите кои се опфатени на школата се платите во јавниот сектор, реформите во јавната администрација и дигитализацијата во јавниот сектор, а се разговараше и за колективните договори и за нивната важност.

