МакедонијаСиндикат

САДУ ја одржа својата редовна седница – Посебен акцент беше ставен на развојот на секциите на млади и жени

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство – САДУ:

📢На 04.12.2025 година (четврток), САДУ ја одржа својата редовна седница на Советот каде беа усвоени клучни одлуки и насоки за 2026 година.

📝На дневниот ред посебно внимание беше посветено на работата и идниот развој на Секцијата на жени и Секцијата на млади при САДУ.

📅Паралелно, се разговараше и за Програмата на активности на САДУ за 2026 година, каде што се утврдија приоритетите и насоките за работа во наредниот период.

Претседателите ги разгледаа предложените активности и дадоа свои мислења и препораки за нивно унапредување, со цел да се изгради програма што ќе овозможи појасна стратегија, поактивна вклученост на секциите и поефективна поддршка за синдикалните членови.

✊Продолжуваме заедно, посилни и посветени на интересите на работниците!

🔗Целиот текст можете да го прочитате на линкот: https://shorturl.at/dUvM0