- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

СДСМ и официјално ги озакони отказите на газдите кои почнаа да се делат уште на самиот почеток од пандемијата

528views

Најостро го осудуваме обидот на Владата, преку министерката за финансии Нина Ангеловска да „прошверцува“ скандалозни и деструктивни мерки за работниот народ, стои во соопштението на Левица.

Според Левица, Иронијата е уште поголема кога претставниците на крупниот капитал, кои ја имаат запоседнато власта, излегуваат со анти-работнички мерки токму во очи на Денот на трудот, кој патем лицемерно го имаат прогласено за празник, можеби поради празните стомаци на работниците? Нема крај на бескрупулозното исмевање со трудбеникот!

Advertisement

“Мерките кои на почеток беа најавени со образложение за наводна заштита на работните места, постепено се демаскираат и го добиваат вистинскиот, безочен лик. Ако на почеток беше најавено дека право на помош ќе остварат само работодавачи кои нема да отпуштат работници, денеска Владата се премисли и го озакони отпуштањето на работници од страна на истите фирми. Односно,  работодавачите слободно можат да отпуштаат работници, и уште одозгора на сè, да добијат финансиска поддршка која е наменета за зачувување работни места”, се наведува во соопштението.

Левица посочи дека Очекуваат одговор на прашањето зошто средствата не се насочуваат директно до работниците, ако нивната цел е да се амортизира ударот по нивниот кревок стандард? Зошто работниците се оставаат во рацете на работодавачите заедно со дозволата да отпуштаат вработени?

Advertisement

Општиот впечаток, како што велат,  уште од самиот почеток на кризата е дека мерките не се наменети за заштита на работниците и нивните работни места, туку за спас на капиталот на сопственичката класа.  Потенцираат дека паушалноста и непрецизноста на одредбите сигнализира дека намерата е истите да бидат доволно еластични за да покријат и други мотиви, кои не се поврзани со економијата.

Advertisement