НовостиСветот на работникот

Секогаш се разболувате на одмор? Не, не сте „баксуз“ – Овој синдром погодува 81 % од Германците и постои објаснување за него

   Време за читање 2 минути

Колку пати, во својата кариера, сте помислиле: Каков баксуз сум! Но, не, овде не зборуваме за деловни неуспеи или пропуштени шанси, туку за предизвикот кој мачи дури 81 % од Германците, ако им се верува на податоците од анкетата.

Имено, според неодамнешното истражување на компанијата HanseMerkur и Appinio, гореспоменатата бројка – изразена во проценти – е уделот на граѓани на Германија кои ги погодува некоја тегоба додека се на одмор, пишува Bild

Таман штом заштедат пари, кои ги штедат со месеци и направат распоред на работа околу одморот, а потоа организираат превоз до аеродром и букираат сместување – мислејќи дека конечно можат да се опуштат, вработените се соочуваат со нов стрес.

Речиси половина од испитаниците во изминатиот период се разболеле на одмор во Европа, а 23.8 % на подалечни дестинации. Можеби не сте знаеле, но дури постои дефиниран феномен кој го објаснува ова, познат како „болен во слободно време“ (анг. leisure sickness).

Но, не грижете се, не ве брка малер – за ова постои сосема логично и физиолошко објаснување. Додека работите, нивото на адреналин често е високо во стресните фази, што ве тера да работите најдобро што можете и ги маскира првите можни знаци на болест.

Доколку нивото на адреналин опадне на почетокот на одморот, на патогените им е полесно да се размножат, бидејќи телото е „окупирано“ од процесот на преоѓање од стрес на заздравување или сипмтпомите тогаш за првпат се забележителни. Така е и за викенд.

bolest, prehlada

Фото: Shutterstock

Секое петто лице во Германија се разболува на крајот од работната недела.

Спроведената анкета ги анализирала и видовите на заболувања, а работите во проценти стојат вака:

Настинка, Гастроинтестинални тегоби, Кожни проблеми (каснување од комарец, изгореници од сонце) Сончаница, Истегнување и повреди во текот на тренирањето.

Психологот Франка Черути за Bild открива дека патувањето е од суштинско значење за нашата благосостојба. „Комбинацијата од опуштање, нови искуства и повеќе време за саморефлексија – доведува до намалување на хормонот за стрес, т.н. коритзол“, вели таа.

Инаку, во Германија продолжува да расте побарувачката за патувања. Платформата за пребарување на патувања KAYAK бележи пораст од 20 % во однос на летото 2022 година.

Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock