Македонија

Се запалиле кабли и цевки во тоалет во соба на Инфективната клиника

   Време за читање помалку од минута

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера избувнал пожар во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Вчера попладнето, во 18:45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во Клиниката за инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.За настанот е запознаен јавен обвинител – соопшти МВР.