Светот на работникот

Пет работи за кои никогаш не треба да зборувате со колегите, велат експертите

За искачувањето по корпоративната скала често се зборува, но ретко се споделуваат совети за тоа како да се „преживее“ на неа. Вашите вештини и работна етика понекогаш не се доволни за професионален успех, бидејќи клучна улога игра и знаењето што можете да споделите со колегите, а што е помудро да го задржите за себе.

Секој разговор на работното место има своја тежина. Додека некои теми можат да ви помогнат, други можат да ви ја уништат кариерата побрзо од пропуштен рок. Ова се петте теми кои кариерните советници препорачуваат да ги избегнувате:


1. Колку блиску живеете до работното место

Освен ако не уживате во улогата на „дежурен спасител“ за итни задачи по работното време, помудро е да молчите за ова. Не откривајте дека патот до работа ви трае само неколку минути.

  • Зошто? Во моментот кога претпоставениот ќе дознае дека живеете на десет минути од канцеларијата, вие ќе бидете првиот што ќе го повикаат за каква било итна работа во петок навечер или за време на викенд. Нека мислат дека живеете на другиот крај на градот.

2. Платата

Без разлика колку сте блиски со колегите, никогаш не разговарајте со нив за вашата плата. Оваа информација често станува „муниција“ за канцелариски озборувања.

  • Ризик: Во ваквите дискусии, некој неизбежно ќе се почувствува помалку платен или навреден. Дури и ако сте издејствувале подобри услови со преговори, тоа во такви ситуации станува небитно и создава непотребен јаз и тензија во тимот.

3. Љубовниот живот

Можеби мислите дека колегата ви е најдобар пријател, но во деловниот свет секој првенствено се грижи за сопствените интереси. Деталите за вашите врски, раскинувања или состаноци се шират побрзо од интерните мејлови.

  • Последица: Колегите ќе ги проценуваат вашите избори и би можеле да ја искористат вашата ранливост во случај на иден професионален конфликт. Не им ја давајте таа шанса.

4. Хобијата (кои можат да се погрешно пролкувани)

Ако спомнете дека поминувате часови играјќи видеоигри, излегувате до доцна или работите на лични проекти, немојте да се изненадите ако колегите почнат да ја доведуваат во прашање вашата работна етика.

  • Перцепција: Кога и да побарате слободен ден или ако некогаш задоцните со проект, вашите приватни активности ќе бидат искористени како „доказ“ дека не сте доволно фокусирани на работата. Важно е да поставите јасни граници меѓу професионалниот и приватниот лик.

5. Дополнителна работа (Side Hustle)

Информациите за дополнителен бизнис или друг извор на приход не треба да бидат дел од канцелариските разговори.

  • Опасност: Ако вашиот работодавач дознае дека развивате сопствен бизнис „од страна“, може да се сомнева во вашата посветеност и лојалност. Во најлош случај, тоа може да се искористи како причина за отказ или пречка за вашето понатамошно унапредување.

Извор: BIZLife / Index.hr