- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

СЗО донираше лична заштитна опрема за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

156views

Светската здравствена организација (СЗО) во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65000 медицински маски, 122000 N95 заштитни маски, 5200 очила, 10500 заштитни наметки и 91000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари.

Advertisement

Проверени се сите предмети од испорачаната опрема за да се обезбеди исполнување на стандардите за квалитет и безбедност за здравствените работници во првите редови со ковид-19.

Министерството за здравство упати благодарност до СЗО за донацијата, но и за целокупната поддршка и соработка во справувањето со корона вирусот.

Advertisement
Advertisement

Advertisement