Синдикатите на РТС бараат итно формирање на Советот на РЕМ
Пет синдикални организации од Радио-телевизија Србија (РТС) испратија допис до Собранието на Србија со кој бараат од Одборот за култура и информирање итно распишување конкурс и формирање на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).
Ова е и едно од главните барања на студентите кои веќе деветти ден ги блокираат зградите на јавниот медиумски сервис, РТС.
Како што пренесува Инсајдер, дописот е потпишан од претставници на пет синдикални организации кои имаат членови меѓу вработените во РТС: Синдикат „РТС Независност“, Независен стручен синдикат на РТВ и филмски работници на Србија, синдикатот АСНС, синдикатот „Слога“ и Синдикатот на музичките уметници.
Мандатот на членовите на Советот на РЕМ престанал уште во ноември минатата година, согласно Законот за електронски медиуми. Собранискиот Одбор требало да го распише конкурсот за нови членови три месеци пред истекот на мандатот, но тоа го направил дури во ноември.
Процесот на избор на нови членови бил стопиран во јануари годинава, откако седум кандидати ја повлекле својата кандидатура во знак на протест поради, како што наведоа, нетранспарентна постапка и прекршување на законските прописи.
Извор: Бета

