МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на културата на министерството му порача дека нема да отстапи од правата од колективните договори

   Време за читање 3 минути

Вработените во културата ги бараат и сакаат да ги добијат сите права кои им следуваат согласно
колективните договори без разлика дали тоа му се допаѓа на Министерството за финансии или не, и тоа треба да ѝ е јасно на министерката за култура, порачаа преку заедничка прес-конференција Синдикатот на културата и СОНК и додадоа дека вработените во културата се ставени пред свршен чин и на сила им се даваат изготвени поединечни акти – решенија со кои им се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја, зашто тоа е спротивно на одредбите за плата во колективниот договор за култура и општиот колетивен договор за јавен сектор. Тоа нема да помина, нагласија синдикатите.

На прес конференцијата беше нагласено дека очекуваат сега Министерството за култура да соопшти дека сакаат да дадат за 10% покачување на платкте, ама дека намерно се создаваат проблеми со намерата да се поднесат тужби за доцнење на платата. „Таквата реторика нема да помине ниту во јавноста ниту кај вработените, беше кажано.

„Го споменуваме министерството за финансии бидејќи на сите состаноци одржани во Министерството за кулутра, претставникот од финансии Тоше Паноски, од секторот за буџет и фондови на почетокот  нудеше 10% покачување, небаре како милостина, со реторика – ако потпишете анекс на колективниот договор ќе го добиете покачувањето, ако не, значи се  откажувате. А, на вториот состанок, затскриен зад заклучокот на Владата, повторно го нудеше истото, за да на крајот да се сведе на тоа дека ова покачување на плата не треба да го гледаме како покачување, туку како еднократно право на плата кое важи до следното поповолно право од колективниот договор за култура, кое, не е на овој начин утрдено ниту со колективниот договор за културата ниту со општиот колективен договор за јавен сектор.

Не е јасно зошто Министертсвото за култура упорно се обидува да ја срочи содржината на поединечните акти/ решенија на начин како само ним им е замислен, иако истата треба недвосмислено да произлезе од содржината на двата колективни договори и да биде во согласност со начинот на пресметка утврден во истите. Па затоа му порачуваме на министерството да не врши притисок врз институциите и директорите и да остават решенијата да се изготвуваат без тендециозно инфилтрирање во содржината на истите ускратувајќи ги правата на вработените во културата.

Затоа и сега јавно ја известуваме министерката за култура дека вработените во културата нема да прифатат такви изготвени решенија и ја прашуваме дали на сила вработените ќе бидат принудени истите да ги примат, огласувајќи ги на огласна табла.

Ова ли е начинот по секоја цена да се постигне тоа што одамна се сака, а тоа е укинување на членот 65 од колективниот договор за култура, кој по кажувањето на господинот од министерството за финансии ‘штрчи’ во јавниот сектор, само затоа што истиот е најправичен за работникот врзувајќи ја основната плата со порастот на минималната плата. Културата е дел од јавниот сектор и одредбите од општиот договор важат подеднакво како и за сите останати дејности од јавниот сектор. Временото ограничување на правото од 10% покачување до февруари 2024 година ќе ја издвои културата како посебна од другите дејности“, беше кажано на прес-конференцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *