- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата во Македонија дава целосна поддршка на протестот на КСС

СПМ - Работник
633views

Синдикатот на Полиција во Македонија изразува силна поддршка за претстојниот протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС.

„Од името на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ сакаме да изразиме силна, безрезервна  и искрена поддршка за Вашите барања. Како Синдикат ја поздравуваме Вашата подготвеност да делувате и придонесувате кон борбата за подобрување на правата на работниците.

Основна карактеристика на една модерна држава претставува почитување на човековите права. За жал Република Македонија не е таков пример. Незамисливо е една држава која се залага да биде дел од Европската Унија, во рамките на полицијата на своите вработени да не им ги овозможи основните права, да не сопира членарина на синдикатот, незаконски распоредувања, опрема, услови……

Поддршката за организираниот Протест на ден 15.04.2021 година несебично ќе Ви ја дадеме и ќе се бориме заедно со Вас пред се за правата на сите работници, како и за остварување на Вашите заложби за достоинство и професионализам во оваа и сите институции.“

 

            Заедно ќе кажеме „СТОП ЗА ПРОГОНОТ НА СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ“!

            Заедно ќе кажеме ДОСТА Е, ПРЕТЕРАВТЕ!

            Доаѓа времето кога КСС ќе прерасне во СИЛА НА НОВОТО ВРЕМЕ. Тоа време доаѓа……

            Се гледаме на протест НА 15.04.2021 година. Синдикален поздрав!!!

 

                        ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!