- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на Македонска Пошта: 2,300 работни места се во ризик поради стечајот на Еуростандард Банка

Синдикат на Македонска Пошта - Работник
406views

Стечајот на Еуростандард банка, сериозно го наруши работењето на АД „Пошта на Северна Македонија“, која повеќе од 20 дена на дневна основа генерира големи финаниски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на РСМ, имајќи ги во предвид и загубите од прекинувањето на услугите во меѓународниот сообраќај, како и намалените приходи во внатрешниот сообраќај во изминатите 6 месеци предизвикани од пандемијата од коронавирусот, рече Претседателот на синдикатот на Македонска Пошта при КСС, Боро Велигденов на денешната прес – конференвија. 

„Кај 2300 вработени во Македонска пошта влева страв за иднината на компанијата и загриженост за  редовна исплата на плати и зачувување на нивните работни места. Неработењето на 330 филијали на Македонска пошта и статус кво состојбата со неработењето на платниот промет, претставува директна закана и загрозување на егзистенцијата на 2300 вработени и нивните семејства“, посочи Велигденов.

Advertisement

Според него, со неработење на филијалите на Македонска пошта има големи последици и врз граѓаните во сите населени места низ Македонија кои традиционално ги користат услугите на Македонска пошта, нивното незадоволство од ден на ден е се поизразено во спреченоста да ги извршуваат нивните граѓански обврски преку филјалите на Македонска пошта, особено последиците се огромни за категоријата на над сто илјади граѓани на кои им се вршеше услугата исплата на пензии и социјална помош преку Македонска пошта.

Посочи дека Македонска пошта има суштинско значење за нашето општество и претставува повеќе децениска традиција во поштенското работење како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата.

Advertisement
Advertisement

„Владата како целосен сопственик на Македонска пошта со оглед на сериозноста на изнесените состојби,  има обврска Македонска пошта да ја постави како приоритет и најбрзо да донесе одлука за склучување на договор со друга банка за да може да ја врши услугата Платен промет, како и да се заземе за стабилизација на компанијата со финансиска помош за покривање на финансиските загуби кои од ден на ден се сѐ поголеми“, велат од синдикатот. 

Велигденов истакна дека синдикатот на Македонска пошта нема да дозволи никакви репресивни мерки врз вработените од направените финансиски загуби и во таа насока за заштита на работничките права и интереси ќе ги преземе сите законски средства за заштита на иднината на компанијата и нивните работни места.

Во име на вработените, поради сериозноста на ситуацијата во којашто е доведена Македонска пошта Синдикатот на Македонска пошта со оглед на исклучително сериозноста на состојбите во која е доведена  Македонска пошта, а кои можат многу брзо да преминат во голема финансиска криза и непосакувани ефекти и последици, бара итна средба со Премиерот на Владата на Р. Македонија, се со цел итно решавање на состојбите за повторно овозможување на услугата платен промет во 330 филијали на Македонска пошта, а со тоа делумна стабилизација на компанијата и непречено функционирање во давање услуги како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата, наведе Велигденов. 

Имено, над 160 вработени во филијалите на Еуростандард банка останаа без работа со прогласување на стечајот. 

Бобан Илијевски

Advertisement