Сите нивни барања биле прифатени – Синдикатите во Затворот Гевгелија го ставаат протестот во мирување
Новинар – Бобан Илијевски
Постигнат е договор по сите барања помеѓу раководството на Затвор Гевгелија и трите синдикати, а со тоа протестот кој беше највен за утре е ставен во мирување.
Изворите на порталот Работник од Затворот велат дека преговорите со раководството започнале вчера, а завршиле денеска со потпишување на еден вид на договор дека сите нивни барања ќе бидат исполнети.
Имено, Синдикатот на затворите при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), синдикатот на затворските полицајци при УПОЗ и Независниот синдикат на државна администрација, пред неколку дена најавија дека ќе одржат протест поради неисполнување на нивните барања повеќе од четри години.
Денеска, како што велат нашите извори од синдикатите, успеале преку договор да ги добијат сите барања, што е и целта на преговорите.
Инаку, синдикатите имаа повеќе барања, меѓу кое беше и усогласување на платите по вертикала согласно минималната плата.
- Секој четврт вработен во Германија работи од дома (Анкета за читателите) - 25/03/2025
- Дарко Шпер и понатаму штрајкува со глад, Извршниот одбор на синдикатот Независност одржал седница во РТВ - 24/03/2025
- Одлучувачки при вработување: 10 брзо растечки вештини кои компаниите сакаат да ги видат во вашето CV - 24/03/2025