- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Сите сакаат да бидат работничка класа

Сите сакаат да бидат работничка класа - Работник
160views

Социолошките истражувања често бараат од испитаниците да одредат на која општествена класа ѝ припаѓаат, а правило е дека огромно мнозинство испитаници го избираат одговорот „средна класа“. Тоа се објаснува со фактот дека идентитетот на средната класа има неутрален призвук, за разлика од другите понудени опции (ниска класа, работничка класа, висока класа), како и со фактот дека главно сме опкружени со луѓе со сличен финансиски статус и ниво на образование, па (често погрешно) веруваме дека се наоѓаме некаде во средина. Тенденцијата за самоидентификување со мнозинството како припадници на средната класа е изразена во повеќето западни земји, но и во земјите од регионот како Хрватска – според новото истражување на класната стратификација на хрватското општество кое го водеше социологот Карин Дулан, повеќето припадници на хрватската елита, како и дел од работничката класа, себеси се гледаат како припадници на средната класа.

Повеќе на окно.мк