Следува големо отпуштање
Голем број од компаниите ширум светот, конкретно 41 % од анкетираните фирми, планираат до 2030 година да отпуштат работници поради напредувањето на вештачката интелигенција (ВИ) која ќе поедностави многу работни задачи, покажало вчера објавеното истражување на Светскиот економски форум.
Во истражувањето учествувале стотина големи компании, а 77 % од анкетираните фирми навеле дека планираат преквалификација и усовршување на своите вработени во периодот од 2025 до 2030 година за со помош на вештачката интелигенција да ја подобрат својата работа, пренесе CNN.
На листата посебно загрозени занимања се наоѓаат поштенски службеници, административни работници, но и графички дизајнери, се додава во извештајот.
Спротивно на тоа, вештините кои произлегуваат од вештачката интелигенција сѐ повеќе се побаруваат, а ова го потврдува тоа што речиси 70 % од компаниите навеле дека планираат да вработат нови работници со вештини за дизајнирање на ВИ алатки, а 62 % од фирмите сакаат вработени кои умеат со помош на ВИ да ги подобрат работните перформанси.
Во извештајот се наведува дека примарното влијание на технологијата како што се генеративната вештачка интелигенција на работните места би можело да лежи во потенцијалот за подобрување на човечките вештини низ „соработка помеѓу човекот и машините“, а не во потполност да го замени човекот со машина.
И покрај тоа, вештачката интелигенција веќе има заменето работници.
Некои технолошки компании како што се сервисот за складирање на датотеки „Dropbox“ и апликацијата за учење на јазици „Duolingo“ навеле дека ги отпуштиле своите вработени поради ВИ.
Извор: b92.net
Фото: Smoothies/Shutterstock