МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СОНК влегува во штрајк на солидарност во културата

СОНК влегува - Работник
234views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК влегува во солидарен штрајк во културата, приклучувајќи му се на Синдикатот на културата на Р. Македонија – СКРМ.

„СОНК на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации во културните установи донесе одлука за влегување во штрајк на солидарност, врз основа на најавениот штрајк на Синдикатот на културата на Р. Македонија, закажан за 24. 12. 2019 година“, пишуваат од СОНК во соопштението.

Според СОНК оваа одлука се темели врз основа на оценката на претседателите на синдикалните организации дека преговорите со министерството за култура во изминатиов период не вродиле со плод, односно не може да се занемари фактот што до ден денес не е потпишан Колективниот договор, а уште помалку има сигнали дека се обезбедени материјални средства за негова имплементација од 01.01.2020 година.

„Сметаме дека културата е дејност од национален интерес и дека со вложување во културата и особено во човечките ресурси, вработените во културните установи се инвестира во одржување, негување и опстојување на културното наследство на Македонија, а со тоа и цврсто истакнување на националниот идентитет и постоењето на македонската нација“, посочуваат од СОНК.

Штрајкот на солидарноста ќе се одвива во сите културни институции, а вработени ќе дојдат на работните места, но нема да извршуваат работни задачи.