СОНК најавува тужби доколку не се повлече одлуката во кумановските училишта
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК го информираше Министерството за образование и наука дека во општина Куманово се планира да не се исплати одделенското раководсто коешто е регулирано со колективен договор за основно и средно образование, вели Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, ексклузивно за Порталот Работник.
„Во текот на денешниот ден Регионалниот одбор на СОНК, Куманово испрати писмо до локалната самоуправа Куманово каде што исто така реагира на таквата нивна одлука за одделенското раководство на основните и средните училишта. Одборот им укажа дека тоа е едностран прекршок на колективниот договор“, рече Неделков.
Тој истакна дека доколку не ја повлечат одлуката, СОНК ќе преземе правни лекови со кои ќе ги побараат нивните права, односно заштита на правата и интересите на членовите на синдикатот. Според него, тоа значи дека како работодавач, директорот ќе биде кривично одговорен, одосно против него ќе се покрене тужба.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025