МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Одредбите за плати од колективниот договор за култура, да се имплементираат од 1 јули 2020 година

Неделков до наставниците - Работник
905views

Да се импелментираат одредбите за платите од  Колективниот договор за култура од 1 јули 2020 година, со кои ќе се зголемат коефициентите на вработените во дејноста култура, побараа денеска од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

Имено, денеска СОНК испрати барање за работна средба до Министерството за култура, во кое се бара и да се почитуваат роковите од Колективниот договор за култура кој беше потпишан на 31 декември, минатата година од страна на Министерството за култура, СКРМ и СОНК. Тогаш беше и договорено одредбите 65 и 66 кои се однесуваат на платите на вработените во дејноста култура да започнат со импелментација од 1 јули 2020 година.

Фото: СОНК

Но со владината одлука од 32 седница одржана на 31 март, поради пандемијата на вирусот Ковид – 19 имплементирањето на овие одредби од колективниот договор се пролонгира до крајот на 2020 година. Од СОНК, не се согласуваат со владината одлука, образложувајќи дека таа е донесена еднострано, без притоа Владата да се консултира со синдикатите – потписници на Колективниот договор.

„Колективното преговање е клучно за социјлниот дијалог. СОНК, СКРМ и Министерството за култура со добра волја го поптишаа овој Колективен договор со кој се зголемуваат коефициентите на платите на вработените во дејноста култура. Сметаме дека едностраната одлука на Владата за пролонгирање на одредбите за платите на вработените во дејноста култура, не оди во прилог на социјалното партнерство“, рекоа од СОНК.

Порачаа дека очекуваат од Владата да ја преиспита одлуката и да се држи до рокот којшто е договорен со самиот Колективен договор.

Бобан Илијевски