- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Прво да се направи пробен проект, а резултатите да кажат дали да се спојуваат предмети

СОНК: Прво да се направи пробен проект- Работник
516views

Министерството да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети, апелираат од најголемиот синдикат во образованието, СОНК.

Синдикатот предлага прво да се направи пробен проект, да се видат резултатите, и токму од овие резултати да зависи самата примена.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за Сител вели дека се уште не се знае како ќе се организираат часовите. Според него, најважно е ниту еден наставник да не остане без работа.

-Тој еден наставен наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно, вели Неделков во изјава за Сител.

Од министерството за образование тврдат дека со реформите освен факти, учениците ќе учат и критички да размислуваат за темите од наставните програми. Министерката Царовска вели дека моделот за спојување предмети е работен по светски терк.

Предложените реформи за основното образование предвидуваат формирање два предмети – општествени науки во кои ќе се спојат историја географија и граѓанско и природни со групирање на хемија, физика, биологија и географија.

Според министерстово за образование на тој начин ќе се скрател непотребниот обемен материјал кој досега се учел.