ПравдаСветот на работникот

Со бетонски коцки претепан таксист

Со бетонски коцки - Работник
144views

На 01.03.2020 во 03,40 часот било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ поради недоразбирање во сообраќајот, на Ф.Д.(37) од Скопје кој управувал такси возило со скопски регистарски ознаки, му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(30) кој бил заедно со А.Д.(34), двајцата од Скопје.

Потоа, според пријавеното, М.Н и А.Д. излегле од возилото и почнале со бекатон коцки да удираат по такси возилото. Притоа, Ф.Д. со возилото го удрил М.Н., кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.