КолумниНовости

Со бркањето од работа на нашите работници газдите се спремаат да ги затворат фирмите

   Време за читање 2 минути

Автор: Бобан М. Илијевски

Ако е точно тврдењето дека работници со по 30 години стаж добиваат откази, а на нивно место се вработуваат луѓе од Непал и Бангладеш, тогаш имаме навистина сериозен проблем. Ова значи дека и после толку плачење по работна сила, на некои газди воопшто не им доаѓа памет. Мислат дека овие од Непал и Бангладеш ќе им помогнат да го намалат недостигот, но се лажат – и тоа многу се лажат!

Од друга страна, голема грешка прават и самите работници кои потпишуваат договори од неопределено време на еден месец. Со самото тоа се ставаат во ситуација да бидат лесно избркани од работа, па затоа моја препорака е да не го прават тоа. Нека бидат газдите храбри, па нека ги избркаат додека се вработени на неопределено време – да видиме до каде ќе стигнат.

Уште од самиот почеток, кога наголемо се зборуваше за увоз на странски работници, велев дека ќе се случуваат вакви работи – дека некои газди, за да заштедат пари, ќе ги бркаат нашите вработени и на нивно место ќе вработуваат од странство, кои би работеле за помала плата, оброк и сместување.

Имено, газдите спијат на тоа уво дека постојано ќе можат да се потпираат на странските работници, иако длабоко знаат дека тие се тука само за кратко. Странците кога ќе видат дека можат повеќе пари да заработуваат во некоја од земјите од регионот или Европа, и тие ќе заминат таму, а газдите ќе немаат друг избор освен да стават клуч на врата.

Треба еднаш засекогаш да сфатат дека замина времето кога невработеноста беше 30 %, па можеа да бираат работници.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *