Со само 16 %, жените се далеку од еднакво учество на менаџерските позиции
Жените се во голем дел помалку застапени на менаџерските позиции од мажите. Само една четвртина или 25,4 % е бројот на жени во органите на управување на котираните акционерски друштва, покажува родовата анализа на управувачките структури за 2023 година, која ја изготви и објави Македонска берза за денот на жената – 8ми март. Со оглед на тоа што ова е актуелна тема, ние посветуваме внимание на неа и после два месеци од нејзиното објавување.

Од вкупно 89 компании котирани на Официјален пазар со вкупен број на членови на органи на управување од 559, 74,6 % од нив мажи. Само 16,5 %, пак, во котираните компании се жени како извршни директори или претседатели на управни одбори, стои во извештајот.

Во компаниите чиишто акции го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ-10, кои се најликвидните акции на берзата, 26,5 % во органите на управување се жени, а 73,5 % мажи. Во ниедна од овие 10 компании нема жена на менаџерска позиција.

Гледано според учеството во органите на управување според дејност, најмногу жени на управни позиции има во земјоделството (40,63 %), а најмалку фармација (12,50). Инаку во сите дејности предничат мажите кои се во далеку поголем процент од жените.
Анализирано според добивиките на компаниите, и тие што се водени и жени и тие од мажи имале големи приходи во 2023 година.

