Со 6.000 денари социјална пензија живеат над 9.000 граѓани
Повеќе од 9.000 граѓани во државата ја добиваат таканаречената социјална пензија.
Тоа се луѓе со навршени 65 години, кои немаат ниту редовна пензија, ниту пак други приходи за живот. Шесте илјади денари што ги добиваат од државата како право на социјална сигурност за стари лица што произлегува од Законот за социјална сигурност, се единствените средства со кои го „туркаат“ месецот.
Дополнително, на корисниците на социјална пензија во периодот од октомври до март им следува и месечен надоместок за енергенсите што ги трошат, кој сега изнесува 1.000 денари. Но, не го добиваат оние кои тоа право веќе го остваруваат преку Законот за социјалната заштита.
Повеќе на Вечер.прес

