Наука

Спектакуларно – Најблиските фотографии од Сонцето досега направени

Најблиски фотографии од сонцето - Работник
243views

Досега се направени најблиските фотографии на Сонцето, на оддалеченост од околу 77 милиони километри, пишува Би-Би-Си.

Најблиските снимки досега се резултат на сончевата орбитарна сонда на Европската вселенска агенција (SolO), која беше лансирана оваа година.

Сондата успеа да сними мини удари наречени „логорски оган“. Тие се милионитиот дел од гигантските факели на Сонцето што можат да се видат со телескопи од копно.

блиска фотографија од сонцето – Работник

Засега е нејасно дали овие минијатурни експлозии се предизвикани од редовни и нормални причини, рече Дејвид Лонг, водечки истражувач во (SolO).

Ракета со сателит на Европската вселенска агенција беше лансирана во февруари од Кејп Канаверал. Неговата мисија е да ги открие тајните на динамичното и променливо однесување на Сонцето.

Сончевите емисии не само што обезбедуваат светлина тие значително влијаат на Земјата. Честичките во магнетно поле често ја нарушуваат работата на сателитите, електрониката и радио комуникациите, пренесува BBC.

Извор: Ало