Останато

Кинеската компанија ја започна третата фаза на тестирање на вакцини

Кинеската државна фармацевтска компанија Синофарм започна со спроведување на третата фаза од тестирање на вакцини за заболување од Ковид-19 на околу 15.000 доброволци во Абу Даби, потврдија надлежните од главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Човечкото тестирање се спроведува во соработка со Националната кинеска биотехнолошка група (CNBG), која е дел од Синофарма, Група 24 на Абу Даби и здравствената канцеларија на градот.

Студијата, која се спроведува од оваа среда, е прва во светот што тестира „неактивна“ вакцина во третата фаза, објасни Ashis Koshy, директор во Г24, задолжен за секторот на здравството.

“Неактивна” вакцина се состои од култивирани вирусни честички, бактерии или други патогени кои ја губат способноста да предизвикаат болести. Моментално кај волонтерите се тестираат 23 неактивни вакцини. Од друга страна, постојат вакцини со живи, но ослабени патогени. “Неактивната” вакцина се користи за лекување на болести како што се грип и сипаници.

До денес, не е одобрена вакцина против Ковид-19 за комерцијална употреба.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 23 потенцијални вакцини во моментот се тестираат на луѓето. Три вакцини влегоа во третата фаза, во која се тестира ефективноста.

Извор: Balkansaljazeera