МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ бара доделување на додаток за работна успешност

   Време за читање 1 минута

Иницијатива – Барање да доделување на додаток за работна успешност

Ги известуваме нашите членови и вработените во МВР дека согласно член 160,161,162 и член 164 од Колективниот договор на МВР поднесовме Иницијатива- Барање да доделување на додаток за работна успешност за сите работници кои беа ангажирани околу спроведување на изборниот процес за Претседателските и Парламентарните избори заради изготвување на предлог за утврдување на додаток за работна успешност.

Имено, на 24.04.2024 година се одржа првиот круг на изборот за Претседател на Република Македонија. На 08.05.2024 година се одржа вториот круг за избор на Претседател како и избор за Пратеници во Собранието на Република Македонија. И двата круга завршија без инциденти а со тоа се потврди дека работниците кои учествуваа во целиот процес, работата ја завршија со одличен квалитет и професионалност пред се.

Додатокот за работна успешност го предлагаме од причини заради:

– особено ангажирање во извршувањето на работите и задачите од работното место или други определени работи и извршување на истите со особен квалитет;

– покажана особена стручност и професионалност во примена на законски и други прописи.

Согласно наведеното Бараме и предлагаме додатокот за работна успешност да се определи во процентуален износ во висина до 15% од основната компонента на платата на работникот во траење од еден месец.Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде соодветно сватена а со тоа трудот соодветно награден и вреднуван од страна на Министерството.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТАТА!

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS