СПМ: Дали и на кого му следува додаток на плата кој го предлага Владата?
Време за читање 4 минути
Фесјбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Дали и на кого му следува додаток на плата кој го предлага Владата



Согласно Уредбата за остварување на правото на додаток на плата во член 3 е наведено дека следува и за вработените во Министерството за внатрешни работи. Во член 4 став 4 во истата уредба е предвидено дека „Додатокот на плата не се исплаќа на вработените (во случајов МВР) на кои им е утврдено правото на додаток на плата со посебен закон или колективен договор”.
Ова значи дека доколку со колективен договор е предвиден додаток на плата и доколку работникот го зема тој додаток, работникот нема да биде опфатен со оваа Уредба на Владата.
Кои работници земаат работен додаток во МВР и кои работници согласно Уредбата не им следува право на додатокот кој го предлага Владатa

Согласно член 168 од Колективниот договор на МВР: „Заради посебните услови за работа и опасноста по живот се утврдува додаток на плата за сите работници наведени подоле и тоа:









Работниците од Одделот за информатика и телекомуникации.
Ова значи дека наведената категорија на вработени наведени погоре СОГЛАСНО наведената Уредба на Владата НЕМА ДА СМЕАТ И МОЖАТ да го остварат правото на додаток на плата што го предлага Владата





Инаку, правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности….
Во вчерашното соопштение пред јавноста „Владата високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи“.
Како Синдикат сметаме дека потегот на Владата би бил за поздравување само доколку било утврдено со Закон, преку однапред утврдени криутериуми во колекивниот договор за СИТЕ да добијат некакво покачување на платите, а не додаток кој би го добиле „одредени“ вработени за чија селекција ќе одлучува еден човек- раководител. Селективноста е од аспект што со Уредбата му се дава преголемо областување на раководно лице кој самиот ќе одлучува и со самото тоа се јавува сомнеж за некаков приоритет на одредена категорија вработени.
Според Синдикат на Полиција во Македонија оваа Уредба на Владата е неуставна па поради тоа во наредниот период ќе ја оспориме пред Уставниот суд.
Министре Спасовски, на ваков начин ТИ и Владата создавате СЕ само НЕ ЗАДОВОЛНА и МОТИВИРАНА полиција



Latest posts by Редакција (see all)
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025