ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Платата на негувателите и стручни работници ќе се усогласува со минималната плата

Владата на вчерашната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата.

Со нив се врши усогласување со Законот за минимална плата за да се постигне еднаквост на сите вработени во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, за да се опфатат со корекции во однос на минималната плата и категоријата негувател/помошно-стручен работник-приправник во секторот детска заштита.