МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ: Департизација во МВР – Министре сериозно ли сметаш дека постои во МВР?

   Време за читање 4 минути

Навидум на прв поглед кога ќе го прочитате или слушнете Министерот Спасовски ќе сватите дека навистина се бори, дека прави реформи, дека во МВР никогаш не било подобро, дека во МВР „тече мед и млеко“. Што ти прави ПР реклама и најверојатно скапо платен тим за ова фалење по медиумите…..

Кога го читаш си мислиш дека МВР ги живее најдобрите години…..

Пред некој ден Спасовски на неговата ФАН страна се пофали: „Уште на самиот почеток поставив три главни приоритети за работењето во МВР – професионализација, декриминализација и департизација:

1. Професионализација на работниците во Министерството.

Со законските измени од ЗВР и таканаречениот „тест за интегритет“ и преземањето на обврската несоодветната и непрофесионална внатрешна контрола да го спроведува, ушт на почетокот е видливо е дека овој проект е осуден на неуспех. Служба како внатрешната контрола каде за „Професионализацијата“ на Полицијата мета става на тоа кој колку лајкови ставил, каде коментирал,постирал….. и ако не ни се допаѓа, го маваме по секоја цена на дисциплинска, секако доколку „не е наш“. Уствари што може да очекуваме од оваа постава на внатрешна под раководство на уште еден од низата Кумановци. Нели Зоки, во МВР нема криминал, нема незаконско работење но затоа удри со најсилното оружје на твојата непрофесионална „војска“ (чест на исклучоци) а тоа е упаството за социјални мрежи. МАВАЈ!

До каде ќе води ова лудило … до бескрај??? За кого ќе важи ова ако не за неистомислениците и професионалците? Златен Оддел го упропасти ти и твојот претходник. Срам, мизерија и арам…

2. Декриминализација.

Ако пишуваме на оваа тема, нема да стасаме со пишување и пет дена. За тоа колку „ДЕ- криминализирани“ високи кадри во некои наредни прилики……. ®️

3.Деполитизација на МВР, односно на вработените.

Законот за внатрешни работи со измените наведе дека вработен во Полиција не смее да членува во политичка партијза. Да како Синдикат сме за оваа реформа и треба да биде така. Но дали после овие 5 години што направивте, после политизација буквално и на чистачките во МВР, после ставање на било кој на високи позииции затоа што бил подобен „од партија“ ќе веруваме дека за ова намерите Ти се искрени? Како да ти веруваме дека ќе бидеш поразличен од оној Оливер пред 5 години кога тоа до денес никако не го докажа? Постои ли некој поставен од твоја страна раководител а притоа да не биде член на политичка партија? ПОСТОИ ЛИ? ЗНАЕШ ЛИ ДЕКА ни е преку глава едно да кажуваш на телевизија а сосем спротивно спроведуваш во пракса⁉️

КОЛКУ РАКОВОДИТЕЛ ВО ТВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ ИМАШ ПОСТАВЕНО ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ? КОЛКУ?!??? Кои се тие?

Колку „професионалци“ ќе поставиш од „нашите“ кои ќе рипнат по три и повеќе нивоа? Знаеш ли дека меѓучовечките односи скоро во секоја организациска единица во најголем број се нарушени токму поради тие „професионалци“?

Со ваквото работење воопшто нема да предизвикаш никаква професионализација и повторно професионалецот ќе биде газен и понижуван од партиски кадри за кои веќе се сомневаме во нивната стручност и професионалност.

Ова на кратко видување и Вашето наговестување пред медиумите на нас ни личи како вовед во „СТАЛИНИЗАМ“ во лоша варијанта. На крајот така и ќе испадне и губитник нема да биде Вие Министре Спасовски. Губитници ќе бидат сите вработени после сета неправда и катастрофа што ќе им биде нанесена. Нема да се оправиме со години….

Затоа почитуван Спасовски, доста манипулирате со јавноста и се преставувате дека немало подобар од Вас. Нека се симнат советниците меѓу колегите и нека се уверат дека наместо да создадете „задоволна полиција“ истата секојдневно ја уривате и уништувате. Полицијата под Ваша палка стана се само не Полиција и НЕ ЗАДОВОЛНА.

После сето ова господине Министер Спасовски многу ни е жал ама уште повеќе многу вредни и мотивирани професионалци ќе изгубите на иднина. И секојдневно се повеќе губите…За жал.

И за крај: НА КОГО МУ СЛУЖИТЕ ВИЕ?

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02N3tTB7WnERzk6qtupUV3A2HrtV9hpd29wBazmttxtTGEkxjvBFmhMNRKHhDB7B5ql&id=100046824475551