МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Задоволна полиција на Спасовски – „ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА“ 

   Време за читање 8 минути

Задоволна полиција на Спасовски – „ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА“ 

ДОБРЕДОЈДОВТЕ во ЗАДОВОЛНАТА ПОЛИЦИЈА – АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА! 

Сето ова што е наведено подоле е детектирано во Извештајот за состојбата и условите во полициските станици во Република Македонија на Хелсиншкиот комитет на човековите права во текот на 2021 година – една од „најголемите“ градежни експанзии на Министерот Спасовски. Да опфатени се и 4 полициски станици за кои нашиот најдобар Министер се фалеше дека се „комплетно реновирани“. Со овој извештај се потврдуваат наводите кои за цел овој период Синдикат на Полиција во Македонија алармираше, пишуваше и реагираше до Министерството за внатрешни работи и самиот Министер Спасовски дека УСЛОВИТЕ во кои што работат полициските службеници се УЖАСНИ. ЗАДОВОЛНИОТ ПОЛИЦАЕЦ  единствено е во главата на самиот Министер и неговиот „привезок“ единствениот Маце кој на секое промовирање на „фарбана фасада“ задолжително е на позиција непосредно позади министерот смеејќи се на камерите од „дојдениот живот“ само за него со приходи и плати од неколку места. За него во друга тема. 

Извештајот се базира на теренски посети извршени од страна на претставничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права како и од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Потребата од спроведување теренски посети со цел утврдување на фактичката состојба во полициските станици произлегува од постојаните критики кои ги упатуваат невладините организации, Народниот правобранител, но и Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување  во поглед на материјалните услови во полициските станици, во полициските станици во Македонија.

Посетите се спроведени во период од март до јуни 2021 година, по претходно одобрен план за посети од страна на Министерството за внатрешни работи.

Теренските посети во полициските станици се спроведуваат врз основа на претходно утврдена методологија што се фокусира на: материјалните услови во просториите за задржување и просториите за разговор, располагање со материјално-технички средства, бројот на вработени лица, 

ПС ОН ЦЕНТАР (БЕКО). На 18.03.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Центар.

Поради недостигот од простории за разговор и распит, вработените лица се соочуваат со сериозни проблеми и неорганизираност. Тие истакнаа дека таквиот тек на работењето им создава голем проблем во секојдневното работење од причина што немаат каде да ги примат странките/приведените лица доколку се повеќе од двајца. Тоа особено влијае и врз довербата на граѓаните во одлучувањето да пријават некаков настан во полициската станица од причина што се принудени да чекаат и по неколку часа во полициската станица. Покрај недостигот од простории и административни канцеларии, полициската станица се соочува и со недостиг од службени возила. Така, станицата располага со само две интервентни возила, кои не се во исправна функција и честопати се сервисираат, а исто така се соочува и со недостиг од мотоцикли.

ПС Центар поради местоположбата е доста фреквентна станица, но недостигот од материјално-технички услови доведува до тоа приведените лица честопати да бидат пренесени во најблиската полициска станица, како што се: ПС Бит Пазар и ПС Кисела Вода. 

ПС ОН Битола. На ден 02.04.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Битола.

Полициската станица се соочува и со недостиг од службени возила, односно ПС Битола располага со три интервентни возила, од кои само едно е функционално, а останатите две возила честопати се сервисираат. Воедно, полициската станица не располага со „цивилно“ возило поради што во случаи на потреба дете да биде лишено од слобода и спроведено во полициска станица, службените лица се приморани да го спроведат детето со полициско возило, што е спротивно на меѓународните стандарди за заштита на децата и на домашното законодавство.

Меѓу другото, службените лица од ПС Битола истакнаа дека немаат доволен број на униформи за сите службени лица и компјутери во секоја канцеларија, а како потешкотија во секојдневното работење ја истакнаа и пренатрупаноста со административна документација што им одзема голем дел од времето. 

ПС ОН ВЕЛЕС. На ден 09.04.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Велес.

Тоалетот кај собите за задржување беше затекнат со многу ниско ниво на хигиена и со предмети кои може да послужат за (само)повредување. Во тоалетот немаше вода и сапун, а едната кабина не беше воопшто функционална.Полициската станица не располага со простории за разговор со задржани лица, а за таа цел полициските службеници ги користат своите канцеларии.

ПС Велес се соочува и со недостиг од службени возила бидејќи располага со едно интервентно возило кое често се сервисира, поради што неопходни се функционални службени возила. Од теренски возила, станицата има потреба од две до три теренски возила. 

ПС ОН КУМАНОВО. На ден 16.04.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Куманово.

ПС се соочува и со недостиг од службени возила бидејќи располага со две интервентни возила и едно возило за спровод. До Бирото за јавна безбедност имаат упатено барање за набавка на уште две теренски возила и четири други возила. Дополнително, ПС нема функционален видеонадзор во просторијата за распит и задржување, ниту, пак, во просториите за задржување и распит кои се реконструираат. 

ПС ОН ТЕТОВО. На ден 23.04.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Тетово.

Полициската станица се соочува со недостиг од службени возила, а имено располага со само едно интервентно возило, но се соочува и со недостиг од административни простории, односно канцеларии. 

ПС ОН ШТИП. На ден 20.05.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Штип. 

ПС Штип не поседува просторија за разговор со дете и не обезбедува пристап за лица со физичка попреченост до просториите за задржување. Се соочува со недостиг од службени возила, односно располага само со едно возило за патрола и едно интервентно возило, кое е во полуисправна функција. Покрај недостигот од службени возила, ПС се соочува и со сериозен недостиг на канцелариски материјали (компјутери, тонери, принтери и сл.). 

ПС ОН КИСЕЛА ВОДА. На ден 27.05.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Кисела Вода.

Полициската станица се соочува со недостиг од службени возила. Имено, полициската станица располага со шест возила од кои само две се во функција, но не се интервентни. Поради големата фреквенција, полициската станица честопати позајмува возила од други полициски станици. 

ПС ОН СТРУМИЦА. На ден 02.06.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Струмица.

Задржаните лица го користат истиот тоалет со вработените во полициската станица.

Полициската станица се соочува и со недостиг од службени возила, односно располага со шест возила од кои само две се целосно исправни, а од интервентни возила има само едно кое не е во исправна состојба. 

ПС ОН ОХРИД. На ден 11.06.2021 година мониторинг тимот спроведе редовна посета на ПС Охрид.

Полициската станица не поседува просторија за разговор со дете и не обезбедува пристап за лица со физичка попреченост до просториите за задржување.

Полициската станица се соочува со недостиг од службени возила, односно располага само со две интервентни возила, од кое едно често се сервисира и со 3-4 други возила за патрола.