СПМ иронично: Дојде време да пофалиме и ние малку
Конечно УБАВА ВЕСТ
, да пофалиме и ние малку 
До Одделот за внатрешна контрола поднесовме преставка (по претходно Доставено до нас анонимно писмо) за според нас кршење на работниот ред и дисциплина на еден од највисоките функционери во Министерството за внатрешни работи. Целта ни беше да видиме и да се увериме дали правилата и аршините подеднакво ВАЖАТ за сите вработени во Министерството а не само за “обичниот” полициски службеник – професионалец или “неистомисленик”.
До внатрешната контрола доставивме и соодветни докази (овие кои денес ги објавуваме сеуште постојат на профилот на работникот) со кои само ги зголемивме наводите за “непрофесионално однесување” на функционерот.
После извесно време од внатрешната контрола добивме одговор дека работникот на кого се однесува претставката НЕМА сторено повреди на работниот ред и дисциплина во Министерството што тоа е ОДЛИЧНА ВЕСТ до некаде… 


Друга одлична вест е тоа што внатрешната контрола УТВРДИЛА дека профилот на социјалната мрежа е ЛИЧНО НЕГОВ на работникот


*********
***************
*****************
*******
Да се вратиме назат која ни е поентата

ВАЖНО :
Базирано на овој одговор на внатрешната контрола ги ПОВИКУВАМЕ вработените понатаму во било кој СТАДИУМ во постапките пред надлежните органи да го искористите како една од причините за отфрлањето на стотиците и стотиците дисциплински што се водат против Вас почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи.
Со овој доставен одговор до нас како Синдикат, внатрешната контрола го ПОТВРДИ нашето ТВРДЕЊЕ дека контроверзното, незаконското и неуставното Упатство за социјални мрежи НЕ ТРЕБА ДА ПОСТОИ. Дали е така ќе видиме за брзо

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА 
СО ПОЧИТ,
СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – СПМ 

